
Бислими не доби учество на самитот во Тирана
На средбата што ќе се одржи денеска во Тирана за лидерите на Западен Балкан, според албанските медиуми, нема да има претставници на Косово бидејќи било одбиено учеството на вицепремиерот Бесник Бислими, пренесува Економија онлајн. Косовскиот премиер Албин Курти, кој беше поканет во Тирана на средба во рамки на Берлинскиот процес, денеска одлучи да учествува на симпозиумот што се одржува на Крит, а Бислими требаше да учествува како претставник на Косово.
Препорачано
„Но, ниту Бислими нема да може да учествува, бидејќи беше одбиен затоа што неговото ниво е минорно и не е соодветно за денешната средба“, се вели во текстот на Економија онлајн.
Организаторите на средбата го информираа вицепремиерот на Косово дека неговото ниво е споредно и несоодветно и дека досието на средбата ќе биде испратено по безбедна пошта до Владата на Косово, односно до кабинетот на премиерот.
На состанокот во Тирана ќе учествуваат премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кристо и премиерката на Србија Ана Брнабиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
15мин
-
21мин
-
32мин
-
43мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5