Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Биографот на Трамп тврди дека претседателот и Меланија се „разделени“ и не живеат заедно: „Тој е „имбецил““

Американскиот новинар Мајкл Волф, кој има напишано неколку книги за Доналд Трамп, тврди дека американскиот претседател и неговата сопруга Меланија Трамп се разделени. Волф и претходно беше многу критичен кон Доналд, а сега рече дека двојката не „живее во брак“, објавува „Индипендент“.

„Тие очигледно не живеат во брак на начин како ние го дефинираме бракот. Можеме да бидеме уште поконкретни и да кажеме дека тие живеат одвоени животи. Тие се одвоени, претседателот на Соединетите Американски Држави и првата дама се одвоени“, рече тој во поткастот „Дејли бист“.

Неговото тврдење доаѓа по извештаите дека Меланија Трамп поминала помалку од две недели во Белата куќа по инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп во јануари.

Неговата изјава ја коментираше директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чонг. Тој го нарече „целосен идиот“ кој инаку е дискредитиран поради своите лаги.

„Тој е имбецил од највисок ред и поради неговиот шуплив мозок, вознемирен од опсесијата со Трамп, води мизерен живот лишен од реалноста“, истакна тој.

Гласините за брачни проблеми меѓу Доналд и Меланија кружат веќе некое време, поттикнати од реткото појавување на Првата дама во Белата куќа. Трамп се врати во претседателската резиденција на 20 јануари, а неговата сопруга, според странските медиуми, поминала таму помалку од 14 дена.

Покрај тоа, двојката ретко се појавува заедно во јавноста, а Меланија го придружуваше својот сопруг на настани само неколку пати во последните месеци. Тие беа заедно на погребот на папата Франциск, денот пред нејзиниот роденден, а по враќањето од Рим, секој си тргна по свој пат. Меланија со автомобил, а Доналд со хеликоптер.

Првата дама даде увид во своите планови за нејзиниот втор мандат во шоуто на „Фокс енд Френдс“ пред инаугурацијата.

„Ќе бидам во Белата куќа. Кога ќе треба да бидам во Њујорк, ќе бидам во Њујорк, кога ќе треба да бидам во Палм Бич, ќе бидам во Палм Бич“, рече таа кога ја прашаа каде планира да го поминува поголемиот дел од своето време. Но, како што истакна во тоа време, нејзин приоритет е нејзиниот 19-годишен син Барон и „да биде прва дама и сопруга“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот