Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Билт: Ако обвинението биде потврдено, Тачи ќе биде приведен

Поранешниот шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него.

Во изјавата за „ГЗЕРО Медиа”, тој оцени дека доколку има судење, заштитата на сведоците ќе биде „поголем проблем”, пренесе синоќа Косово онлајн.

-Ако обвинението, што е објавено, биде потврдено, тогаш тој ќе се соочи со апсење. И тој ќе мора да замине во Хаг и да се соочи со долго и комплицирано судење, каде заштитата на сведоците ќе биде доста голем проблем. Ќе минат неколку години. И без сомнение, ова ќе ја наруши политиката на Косово, рече Билт.

Портпаролот на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, Кристофер Бенет, изјави дека ова Обвинителството на Специјализираните совети на Косово им поднело на разгледување и испитувања обвинение од десет точки со кои го обвинува Хашим Тачи, претседателот на Демократската партија на Косово Кадри Весеjи и други за голем број злосторства против човештвото, хуманоста и воените злосторства,вклучувајќи и присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот