
Бијонсе и Џеј Зи се селат во британско село: Луксузниот имот чини 20 милиони евра
Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи наводно се во последната фаза од купувањето на 58 хектари земјиште на периферијата на селото Вигингтон во британската област Котсволдс, каде што планираат да изградат спектакуларен селски имот, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Овој идиличен регион е веќе познат по своите многубројни познати жители, вклучувајќи го семејството Бекам и Елен Деџенерес, а сега би можел да стане дом на еден од најмоќните парови на американската музичка сцена.
Бијонсе и Џеј Зи претходно оваа година направија обиколка со хеликоптер на локацијата во Оксфордшир, а планираната вила, според плановите, треба да има седум спални соби, девет бањи и поглед на езерото.
Цената на земјиштето е 7,5 милиони фунти, но се проценува дека имотот ќе вреди над 18 милиони фунти кога ќе биде завршен.
Реакциите на локалното население се поделени. Додека некои се возбудени поради можноста да ја видат Бијонсе на прославата во селото, други се загрижени за влијанието на славната личност врз локалната заедница.
Еден од жителите на ова место рекол:
– Воопшто не ме интересира. Мојата сопруга ги гледа, но честопати дури и не знае кои се. Многу од тие познати личности дури и не ми се познати – рече тој.
Вработените во селската кафеана изразија загриженост дека доаѓањето на славната двојка би можело да привлече „погрешна публика“, велејќи дека сакаат да го задржат локалниот амбиент и клиентела.
Близок пријател на двојката изјави дека Бијонсе и Џеј Зи сакаат да имаат база надвор од Лос Анџелес, особено по сè почестите пожари во Калифорнија.
– Тие се заљубија во Котсволдс поради просторот и приватноста. Тие сакаат турнеите и патувањата да бидат што е можно понормално искуство за децата, па затоа хотелите повеќе не се идеални – изјавил извор за „Дејли мејл“.
Доколку купопродажбата се реализира, Бијонсе и Џеј Зи ќе се приклучат на таканаречениот „круг Чипинг Нортон“, елитна група познати личности кои го избираат Котсволдс како свој втор дом.