Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Безос ќе му конкурира на Маск – „Амазон“ ги распоредува првите 27 интернет-сателити во вселената
Американската технолошка компанија „Амазон“ ја лансираше својата прва серија интернет-сателити во Вселената, со што почна со своите напори за изградба на мрежа – конкурентска на „Старлинк“ на Илон Маск и „СпејсEкс“, пренесе АП.
Препорачано
Новите сателити се дел од проектот „Кајпер“, а целта на „Амазон“ е да се распоредат околу 3.200 сателити следните неколку години, заради интернет-покриеност насекаде ширум светот, објави ДПА.
Ракетата „Атлас V“ понесе 27 сателити во Земјината Орбита, полетувајќи од Кејп Канаверал, Флорида, САД. Летот следеше по одложувањето претходно овој месец, поради лошите временски услови.
„Амазон“, основана од Џеф Безос, обезбеди десетици идни лансирања ракети – доставувачи, за да ги исполни регулаторните барања. Според својата лиценца за работа, компанијата мора да распореди најмалку 1.600 „Кајпер“ сателити до средината на 2026 година.
Мрежата „Старлинк“ веќе управува со околу 7.000 сателити и доминира во областа на сателитски интернет. Но, аналитичарите велат дека има простор за конкуренција, бидејќи авиокомпаниите, телекомуникациските оператори и потрошувачите бараат алтернативи, особено во оддалечените подрачја, каде што градењето вообичаена инфраструктура е скапо или непрактично.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
23мин
-
47мин
-
55мин
-
59мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5