Фото: ЈП „Лајка“

Бездушник фрлил куче од Железничката станица во Скопје – Нори не го преживеала грозниот чин

Според информациите на Јавното претпријатие „Лајка“, утрово непознат насилник фрлил куче од голема височина од платформата на Железничката станица во Скопје.

Тимот на „Лајка“ веднаш интервенирал и го префрлил повреденото куче во амбуланта, каде биле вложени максимални напори за негово спасување. Сепак, и покрај борбата на ветеринарите, кучката, позната како Нори, не преживеала поради силно внатрешно крвавење.

Според коментарите на објавата на „Лајка“ на „Фејсбук“, Нори не ѝ била непозната на јавноста. Оваа мешанка и во 2023 година поминала третман во „Лајка“, а често била забележувана на повеќе локации низ градот. Граѓаните коментираат дека станува збор за питомо и мирно куче кое никому не пречело.

Од „Лајка“ велат дека „овој сурово одземен живот нема да остане незабележан“ и најавуваат дека настанот веднаш ќе биде пријавен до надлежните институции.

„Апелираме тие да ги искористат сите механизми за пронаоѓање и санкционирање на сторителот на ова тешко кривично дело,“ порачаа оттаму.

Истовремено, од „Лајка“ упатуваат апел и до граѓаните – доколку бидат сведоци на вакви дела, веднаш да ги пријават во полиција. Само со заедничка реакција може да се стави крај на ваквото насилство и да се изгради општество во кое животите на животните се почитуваат, велат од „Лајка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот