Онкологија /Фото: / ''Слободен печат''/ Слободан Ѓуриќ

Бездушен крадец украл 800 евра од џебот на болен од рак кој чекал терапија на Онкологија

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишен жител на Скопје, кој е осомничен за кражба на пари од џебот на човек болен од рак кој чекал ред да прими терапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Според ОЈО, крадецот го искористил невниманието на пациентот од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и му украл 300 евра и 28.000 денари или вкупно нешто помалку од 800 евра.

„Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата“, соопшти Обвинителството.

Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот, што беше прифатено“, додаваат од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот