Instagram

Без фустан, без подготовка, па на ручек кај свекрвата – Салма Хајек открива како семејството ја „наместило“ да се омажи за милијардерот Пино

Сцена што изгледа како извадена од холивудски филм, но се случила во реалниот живот на една од најголемите ѕвезди на денешницата. Салма Хајек, мексиканско-американската актерка позната по својата харизма и сила, долго време ја криела необичната приказна – на денот на нејзината граѓанска венчавка не ни знаела дека ќе се мажи! Денот на вљубените во 2009 година, кој требало да биде уште еден обичен ден се претворил во пресвртница во нејзиниот живот. А, како што вели, сè било „семејна завера“.

Во искрено интервју за списанието „Glamour“, Салма за првпат проговори за нешто што дури ни нејзините блиски не го знаеле – во тоа време имала вистинска фобија од брак и не сакала да се омажи.

„Не ни знаев дека ќе се омажам тој ден. Тоа беше интервенција. Мислам дека оваа приказна никогаш не сум ја раскажала. Моите родители, брат ми… сите заговараа против мене. Едноставно ме однесоа во матично. Имав фобија од брак“, откри таа.

Францускиот милијардер и неочекуванaта церемонија

Нејзиниот избраник, Франсоа-Анри Пино – француски милијардер и претседател на модниот гигант „Керинг“ (под чија капа се брендовите „Гучи“ и „Сен Лоран“) – со години се обидувал да ја убеди да стапат во брак.

„Не сакав да се омажам за него. Се обидуваше долго време. Можев да кажам ‘да’ и да не се појавам. Тој никогаш не се откажа. Дури и кога не доаѓав, тој остануваше. На крајот, успеавме… а јас бев преплашена“, се присетува Салма.

Бидејќи семејството било свесно дека таа никогаш сама нема да ја донесе таа одлука, решиле да преземат иницијатива – и буквално ја довеле до матичар.

По формалниот дел, следел ручек кај мајката на Франсоа.

„Бев нервозна. Потоа отидовме на ручек кај неговите родители. Свекрва ми, која е неверојатна кога е во прашање гостопримството, веќе сè имаше подготвено. Немав избор“, раскажува Салма низ насмевка.

И покрај сè – љубовта победи

Денес, повеќе од 15 години подоцна, Салма и Франсоа имаат ќерка – Валентина Палома – и важат за еден од најстабилните и најхармоничните парови во светскиот џет-сет.

„Подоцна си реков: ‘Во ред, не се чувствувам поинаку.’ А потоа: ‘Ова е всушност возбудливо.’ И тој рече: ‘Можеме ли сега да се забавуваме?’“, се пошегува Салма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот