Фото: Министерство за финансии

Бесими: Реализацијата на капитални расходи за 136 отсто повисока од лани

Капиталните расходи заклучно со 11 септември се остварени во износ од 26 милијарди денари или тоа е натфрлање за 136 отсто во однос на лани, информираше министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во гостување во Дневникот на националниот сервис МРТВ, Бесими појасни дека континуирано се работи на зголемување на сумата за капитални расходи во буџетот, но и во подобрување на нивната реализација, поради нивниот мултипликативен ефект во економијата. Тој додаде дека пренасочувањето на дел од средствата од капиталните расходи со прераспределбата во Буџетот, за зголемување на платите во јавниот сектор и пензиите, е од проекти каде динамиката на реализација тоа го дозволува, како и дека значајни заштеди со прераспределбата се прават и на ставката стоки и услуги.

-Треба да се истакне дека при прераспределбата на буџетот, се намалуваат ставките на одделни проекти согласно динамиката на реализацијата. Ова се главно средства од развојни програми преку странски кредитори. Доколку кон крајот на годината забрза динамиката на реализација, ќе се повлечат средства – појаснува министерот.

Тој потенцираше и дека во последното тримесечје од годината, како и секоја година, се очекува забрзување на реализација на капиталните расходи.

Со прераспределбата на средствата во Буџетот се обезбедуваат 4,25 милијарди денари за зголемување на платите за десет отсто и за К-15 од 10.000 денари за 106.000 вработени во јавниот сектор. Исто така, се обезбедуваат 3,5 милијарди денари за ново зголемување на пензиите за 336.000 пензионери, вели Бесими и додава дека во Буџетот се направени значајни заштеди во ставката стоки и услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот