Фото: Министерство за финансии

Бесими: Од април има реален раст на платите бидејќи се намалува инфлацијата

Ефектите од кризата не ги чувствуваат само нашите граѓани, се чувствуваат и во Европа и светот. Предизвиците и понатаму остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во одговор на новинарски прашања, Бесими посочи дека од април има реален раст на платите бидејќи се намалува инфлацијата.

Според Бесими, она што е поважно не е само платите реално да растат, туку реалниот раст на платите да биде одржлив.

-Во ниту еден момент не кажавме дека ќе направиме 100 проценти апсорпција на економскиот шок. Македонија беше најпогодена во однос на цените на европскиот пазар и кај нас и ние тој ефект го ублаживме и ќе продолжиме и понатаму. И граѓаните гледаат дека и покрај тоа што се зголемуваат цените, имаше раст на платите и во јавниот и во приватниот сектор гледано во споредба со другите држави, изјави Бесими.

Потсети дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160 проценти од БДП е трговијата од која 80 проценти е со ЕУ, а над половина е со Германија која годинава е во рецесија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот