Фото: Принтксрин/Јутјуб

Беше единствен и неповторлив талент: На денешен ден пред две години почина доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски

Македонскиот актер Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Целиот актерски век го поминал во Драмски театар – Скопје, а остана препознатлив по неговите улоги во претставите „Диво месо“, „Солунски патрдии“ и „Хамлет од Долно Гаштани“. Беше единствен и неповторлив талент.

Во творечката историја му се забележани над 100 одиграни улоги со над 6000 изведби во различни жанрови,

Неговиот лик беше препознатлив и по улогите на телевизиските продукции, како серијалите „Македонски народни приказни“, Солунски патрдии“, „Чук-чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Трст виа Скопје“, „Големи и мали“, „Во светот на бајките“ и многу други.

Ќе остане запаметен и по улогите во филмовите „Републиката во пламен“, „Македонски дел од пеколот“, „Колнати сме, Ирина“, „Шеќерна Приказна“, „Диво месо“, „Среќна нова ’49“, „Болва во уво“, „До балчак“, „Трето полувреме“, и „Викенд на мртовци“, но и радио-драмите и хумористичните серии „Хихирику“.

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови како Гаргамел во „Штрумпфови“, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои „13-ноември“ и „Ристо Шишков“, како и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

По долго боледување, починал мирно во својата фотелја додека бил заедно со соругата во домот во Лос Анџелес, на 20 март 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!