Дуа Липа - Фото: Инстаграм

„Беше болно…“: Дуа Липа се повреди, нејзиното рамо е целото со модринки

Пејачката Дуа Липа наводно се повредила за време на нејзината турнеја во САД и морала да се подложи на радиолошки преглед за да добие дозвола за понатамошни настапи, објавува „Дејли мејл“.

Дуа била забележана претходно со темни модринки на рамото, што ги натера обожавателите да се загрижат дека повредата е сериозна. Сепак, пејачката откако посетила доктор, добила дозвола да ја продолжи својата турнеја.

Извор близок до пејачката открил дека ѕвездата ќе се подложи на физикална терапија за целосно да се опорави.

„Повредата се случила додека Дуа уживала во слободното време помеѓу настапите. Беше болно, но по извршениот радиолошки преглед, добила дозвола да настапи. Турнејата ќе продолжи според планот“, рекол тој.

ВИДЕО | Калум Тарнер откри дека се радува на иднината со Дуа Липа: „Сакам да останеме заедно засекогаш“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот