За пинг понг турнирот „Зегин опен 2022“ се пријавени 76 играчи/Фото: facebook.com/ppkkrusevo

Берово ќе биде домаќин на првиот меѓународен турнир во пинг понг „Зегин опен 2022“

Во организација на пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, Пингпонгарската Федерација на Македонија и компанијата „Зегин“ на 17 и 18 Септември, во соработка со општина Берово, во салата „Македонски Бранители“, за првпат ќе се одржи меѓународниот турнир во пинг поног „Зегин Опен 2022“.

На турнирот ќе учествуваат вкупно пријавени 76 играчи од Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Косово, а ќе се натпреваруваат во четири категории: сениори, сениорки, јуниори и јуниорки.

Сите натпревари ќе бидат организирани во две нивоа на натпреварување велат организаторите и тоа: Квалификации по групи и систем на елиминација. Прво и второпласираните натпреварувачи од групите се пласираат по систем на еднократна елиминација, додека сите натпревари се играат во систем подобар од пет сетови, полуфинале и финале се играат во систем подобар од седум сетови.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 5000 евра, а за сите натпревари истакнаа организаторите ќе бидат ангажирани сертифицирани судии. Денеска ќе се одржи ждребувањето, а носителите на групи ќе бидат поставени согласно ИТТФ ранкинг.

Со ова се докажува дека Берово и беровскиот пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, полека го зазема приматот на град на пинг-понгот. На престојниот меѓународен турнир во пинг-понг, се очекува голем број на посетители, додека натпреварите се играат со почеток од 09.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот