фото: EPA/MATTEO BAZZI

Берлускони имаше една желба: „Сакам Милан да стане најдобриот тим на светот“

Поранешниот сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Милан, Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст. Покрај тоа што беше политичар и медиумски магнат, Берлускони повеќе од три децении беше претседател на еден од најтрофејните фудбалски клубови во светот.

Милан освои 29 трофеи за 31 година под водство на Берлускони како претседател и сопственик. Беше фан на „Росонерите“ уште како дете, одеше на натпревари со својот татко, а откако многу успешно ја основал и водел својата медиумска компанија „Медиасет“, стана претседател на Милан во 1986 година, кога клубот беше на ниски гранки.

„Сакам Милан да стане најдобриот тим на светот“ – беше желбата на Берлускони кога ја презеде функцијата прв човек на „росонерите“ и на крајот успеа во својата намера.

Како сопственик на Милан, тој успеа во клупските витрини осумпати да го донесе Скудетото, пет титули освои во Лигата на шампионите, седум во италијанскиот Суперкуп, петпати беше најдобар во европскиот супер куп, трипати го освои светското клупско првенство и има еден трофеј во Купот на Италија.

фото: EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Неговиот мандат во Милан траеше од 1986 до 2017 година, човек кој во вистинска фудбалска смисла не гледаше на цената, само за да ги има играчите што ги посакуваше за доброто на клубот.

Со неговите пари беа доведени играчи како Ван Бастен, Жорж Веа, Андриј Шевченко, Кака, кој ја освои „Златната топка“, како и десетици други кои подоцна ја испишаа историјата не само на италијанскиот, туку и на европскиот и светскиот фудбал.

фото: EPA/MATTEO BAZZI

Според многумина едни од најдобрите играчи под раководство на Берлускони: Себастијано Роси, Дида, Џовани Гали, Мауро Тасоти, Кафу, Алесандро Неста, Алесандро Костакурта, Франко Барези, Филипо Гали, Паоло Малдини, Марсел Десаи, Масимо Амброзини, Карло Анчелоти, Франк Рајкард, Деметрио Албертини, Андреа Пирло, Кларенс Сидорф, Роберто Донадони, Кака, Дејан Савичевиќ, Руд Гулит, Жорж Веа, Андриј Шевченко, Филипо Инѕаги, Марко Ван Бастен.

На оваа листа може да се додадат и имиња како Руи Кошта, Кристиан Абијати, Какха Каладзе, Џенаро Гатузо, Јон Дал Томасон, Кристиан Панучо, Роберто Баџо, Оливер Бирхоф, Звонимир Бобан

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот сопственик на „росонерите“ беше занесен со својот тим до тој степен што понекогаш сакаше да диктира како треба да игра тимот, поради што понекогаш се судри со своите тренери.

Откако мораше да го продаде Милан поради финансиски проблеми и проблеми со законот, ја презеде функцијата прв човек на Монца, клуб кој со Берлускони започна од Серија Ц, го постави на здрави темели, па избори промоција во Серија Б, а за првпат во 110 години историја влезе и во Серија А во 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот