Бендевска: По Илинден и АСНОМ, време е за ново изборно востание

Предизборниот карван на движењето ЗНАМ – За наша Македонија започна од Куманово. Според носителката на листата во петтата изборна единица Весна Бендевска, не случајно кампањата ја започнале во Куманово.

„Кога ќе пукне во Куманово одекнува во Прилеп, веднаш се буди духот во Крушево, па врие крвта во Охрид, Битола, Кичево, Струга.  По Илинден и АСНОМ време е за изборно востание. Време е да го дадеме својот максимум за Македонија, да живее нашата пркосна, горда, достоинствена Македонија“, порача Бендевска.

Носителот на листата во ИЕ 4,  Миле Цеков порача дека на претстојните избори ќе дојде промената во Македонија .

„Недалеку од овде во 1944 година се одржа првото  Заседание на АСНОМ, се испишаа темелите на нашата државност, затоа на 24 април и 8 мај вие ќе ја донесете новата промена во Македонија. Многу ме прашуваа дали ќе сум останел ист  дека вие сте биле во минатото разочарани. Јас доаѓам од чесна фамилија, каков сум бил во минатото, таков и ќе останам, немам намера да се менувам. Јас сум работлив, храбар и чесен, таков сум сега таков и ќе останам. Патриотизмот се темели на борба Македонија да биде една успешна економска приказна, затоа ние од ЗНАМ го усвоивме прогласот за достоинствена Македонија и затоа најавувам економски приоритети“, рече Цеков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот