
Бен Афлек ќе остави сѐ за неа: Џенифер Гарнер е изнемоштена, сите се загрижени за нејзиното здравје
Добро е познато дека Бен Афлек има блиски односи со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, а дека е подготвен да ѝ покаже дека секогаш може да се потпре на него, дури и во сегашните околности.
Препорачано
Имено, актерката Џенифер Гарнер е во лоша здравствена состојба откако целосно се исцрпила со пружање помош за време на ужасните пожари во Лос Анџелес, ама и додека беше еден вид посредник во разводот на Џенифер Лопез и нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.
Познатиот актер долго време се покажа како важна фигура во животот на Џенифер Гарнер и огромна поддршка, што ја докажа кога остави сè зад себе да биде со неа и нивните три деца Виолет (19), Фин (16) и Семјуел (12) поради пожарот.
Сега тој е подготвен повторно да го стори истото и да стави сè во животот „на чекање“ за да може да ѝ биде од максимална помош.
„Џен го посвети секој момент од своето време на своите пријатели кои изгубија сè во пожарот. Активна е и во црквата, каде нон-стоп помага“, изјавил за „Дејли мејл“ извор близок до актерката, додавајќи:
„Таа треба да земе слободно време, но тоа е така со Џен, таа не може да запре кога е страсна за нешто. Но, сето тоа го направи својот данок, особено што таа изгуби пријателка во пожарите“.
Изворот објаснил и како била исцрпена од помагањето на Џенифер Лопез и Афлек, кои се разделија минатото лето.
„Пожарите дојдоа токму кога таа веќе беше исцрпена од Бен и Џенифер, за кои таа беше посредник. Тоа беше голем товар за неа. И згора на тоа, таа се грижи за три деца“, рекол тој.
Но, Бен добро знае колку неговата поранешна сопруга направила за него.
„За Бен, Џенифер е супержена. Таа го спасуваше толку многу пати, нема ништо што тој не би направил за неа“, заклучил изворот.