Белорусија повика на зголемување на бројот на постојани членки на Советот за безбедност на ОН

На седницата на Советот за безбедност на ОН беа прикажани фотографии на жртвите во Украина/Фото; TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Белорусија повика на прифаќање на предлогот за проширување на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН со земјите од Азија, Африка и Латинска Америка.

„Проширувањето на категоријата на постојаните членки со вклучувањето на големите земји во развој од Азија, Африка и Латинска Америка е императив на времето. Причина за задоволство е што Кина и Русија поддржуваат таква реформа на Советот за безбедност, како што постојано изјавуваа“, рече министерот за надворешни работи на Белорусија, Сергеј Алејник за време на генералната политичка дискусија на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН.

Тој додаде дека останатите постојани членки на Советот за безбедност (Британија, САД и Франција) мора да ја „препознаат новата реалност“ и да ги прифатат промените кои таа ги одразува.

„Три од петте постојани членки се претставници на Западот. Тие не се заинтересирани за промена на статус кво во светот. Како резултат на тоа, Советот за безбедност не ја исполнува својата функција за одржување на меѓународниот мир и безбедност. Само еден попретставителен и подемократски орган може да ја исполни таа задача, додаде Алејник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот