Белорусија почна воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина

Вежби Белорусија / Фото EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Белорусија денеска почна воени вежби во регионите што граничат со Украина и две земји од Европската унија – Литванија и Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана, пренесоа британските медиуми.

Тридневните вежби во регионите Гомел и Гродно имаат за цел да ги обучат офицерите и војниците на територијалната одбрана како да ги заштитат соодветните региони и како да дејствуваат во случај на воведување воена состојба, прецизира Министерството во Телеграм.

Белорусија е најблискиот сојузник на Русија. Во текот на изминатите неколку години, односите на Минск со западните соседи и Украина сериозно се влошија, особено откако Москва ја искористи белоруската територија за својата инвазија, што ја почна на 24 февруари 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот