
Белградски кадри и луѓе поврзани со „Ноќните волци“ се унапредуваат во АРМ, велат од АА на Зијадин Села
Алијанса за Албанците (АА), предводена од Зијадин Села, обвинува дека по „деградирањето на албанските генерали“, во АРМ се унапредени „белградски кадри и руски соработници“.
Препорачано
Реакцијата од АА доаѓа откако вчера од Кабинетот на Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова информираа дека таа извршила промени во командните структури на Армијата на Република Северна Македонија.
Во објава на социјалните мрежи, АА пишува дека генералот Орце Јордев, кој е поставен за директор на Генералштабот на Армијата, пред четири години не добил НАТО сертификат бидејќи, како што велат, бил поврзан со руските структури преку „Ноќните волци“.
Од партијата реагираат и за унапредувањето во генерал на Дејан Чиплаковск, за кого велат дека високото воено образование (Училиште за национална одбрана) го завршил во 2018 година во Белград. Со поставувањето на Бесник Емини од позицијата командант на Оперативната команда на административна позиција во Министерството за одбрана, од Алијанса за Албанците велат дека тој е „деградиран и понижен“.
„Додека сиот овој ‘масакр’ се случува во Армијата на РСМ, коалицијата ‘Вреди’ се занимава со тендери и ситни интереси“, велат од АА во објавата.
„Од доаѓањето на нелегитимната и моноетничка Влада, Албанците се заминати и деградирани и од безбедносните служби, Агенцијата за разузнавање, Военото разузнавање и безбедност, како и од низа други значајни институции.
Откако вчера од кабинетот на претседателката Силјановска-Давкова информираа дека таа со укази извршила поставување на старешини и на формациски места предвидени за генерали, што е извршено согласно одредбите од Законот за одбрана, вчера реагираше и поранешниот министер за правда од редовите на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, Кренар Лога.