Белград, Србија
Фото: МИА

Белград во трка за „ЕКСПО 2027“

Денеска во Париз, на 171. Генерално собрание на Меѓународното биро за изложби (BIE), Србија ќе се претстави по повод кандидатурата на Белград да биде домаќин на Меѓународната светска изложба „Експо 2027“ со тема „Игра(и) за човештвото – спорт и музика за сите“.

Ова е второ претставување на Белград како кандидат за престижната светска изложба, а на собранието на БИЕ ќе се обратат министерот за финансии Синиша Мали, министерот за спорт Зоран Гајиќ и градскиот планер Марко Стојчиќ.

На претставувањето на Србија за „Експо 2027“ ќе присуствуваат министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, министерката за култура Маја Гојковиќ, министерот за образование Бранко Ружиќ, пишува Новости рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот