Фото: EuroLeague

Белград поради политичката ситуација може да го изгуби Ф4 турнирот, Атина сега е фаворит

Се повеќе сигнали од Евролигата упатуваат на тоа дека Атина ќе биде домаќин на завршниот Фајнал-фор турнир во 2026 година. Според пишувањата на српските медиуми, грчката престолнина е во пол-позиција за добивање на организацијата, освен ако не дојде до неочекуван пресврт во последен момент.

Официјалната одлука ќе се донесе во текот на утрешниот ден кога акционерите на Евролигата ќе гласаат за идниот домаќин на најголемиот кошаркарски настан на Стариот континент. Иако Белград важеше за сериозен кандидат, политичката ситуација во Србија, како што се наведува, значително ги намалила неговите шанси.

Со тоа, Атина добива силен ветер во грб и речиси сигурно ќе биде градот каде што ќе се одржи завршниот турнир во 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот