Белгиска војска EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Белгија разгледува можност за распоредување на војската во Брисел поради високата стапка на криминал

Белгискиот министер за безбедност и внатрешни работи, Бернар Кентин, денес изјави дека до крајот на годината, војниците може да бидат распоредени на улиците на Брисел поради зголеменото насилство и криминал.

Белгискиот главен град се соочува со ескалација на насилството поврзано со дрога, вклучувајќи околу 60 пукотници само оваа година, од кои една третина се случија во текот на летото, кога беа убиени две лица.
Кентен го опиша насилството што се случи ова лето како „катастрофа“ и предупреди дека „криминалните банди стануваат сè побезобразни“, објавува Политико.

„Полициската униформа повеќе не ги одвраќа“, изјави тој за „Брисел тајмс“, додавајќи дека војниците ќе бидат распоредени заедно со полицијата во „криминалните жаришта“ во Брисел.

Кентен не ја исклучи можноста за распоредување на војската и во други градови, истакнувајќи дека Антверпен се соочува и со висока стапка на насилство и криминал.

Планот сè уште треба да биде одобрен од Советот на министри и федералниот парламент, но е поддржан од главните партии, вклучувајќи го Реформистичкото движење и Новата фламанска алијанса.

Сепак, оваа идеја наиде на отпор од градоначалникот на Брисел, Филип Клуз, кој рече дека војниците нема да бидат корисни во бриселските населби и повика на патроли во Антверпен поради трговијата со дрога во пристанишниот град.

Околу 7.000 осомничени се изведени пред суд во Брисел оваа година, изјави обвинителот на Брисел, Жулиен Моанил, вклучувајќи околу 1.250 осомничени дилери на дрога.

Моанил, кој живее под полициска заштита, рече дека „секој во Брисел може да биде погоден од заскитан куршум“ и повика на повеќе ресурси за борба против криминалот поврзан со оружје и дрога, додава бриселскиот портал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот