
Беќири: Рајо Ваљекано е сериозен кандидат да ја освои Конференциската лига
Фудбалерите на Шкендија дебитираа со пораз од 2:0 на гостувањето против Рајо Ваљекано во Мадрид во третото по квалитет европско клупско натпреварување, Конференциската лига.
Препорачано
Шпанците се покажаа како доста поквалитетен тим од актуелниот македонски првак во текот на мечот, целосно ја контролираа играта на теренот, а до бодовите стигнаа за само четири минути.
Тренерот на тетовските „црвено-црни“, Јетон Беќири по мечот ја честиташе победата на противникот кој смета дека може да биде во трка за титулата во ова натпреварување:
– Знаевме дека играме против еден од тимовите што играат во една од најдобрите лиги во светот. Се чувствувам лошо за првото полувреме, но сум среќен. Честитки до Рајо Ваљекано за победата. Тие играат во најдобрата лига во светот и тоа се покажа. Рајо би можел да биде еден од сериозните кандидати за освојување на ова натпреварување. Многу добри тимови ќе се мачат кога ќе дојдат да играат тука – рече Беќири.
Следниот меч Шкендија во Конференциската лига ќе го има во Скопје на 23 октомври против Шелбурн од Ирска од 18.45 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
34мин
-
48мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5