Денис Тот/Фото: Фејсбук

Беким Сали: Уште не е готов извештајот за Денис Тот од судска медицина

Извештајот од Институтот за судска медицина од кој ќе бидат познати причините и начинот на кој настанала смртта на ракометарот Денис Тот не е готов и го чекаме, но не би сакале да правиме притисок врз институцијата, коментираше денеска министерот за здравство Беким Сали.

Обдукцијата на ракометарот заврши пред речиси две недели, исто како и стручниот надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат на КАРИЛ, меѓутоа јавноста уште нема информации што тие содржат. Министерот Сали само кратко рече дека немало пропусти во начинот на кој ракометарот бил третиран на КАРИЛ.

За смртта на ракометарот Денис Тот, осомничени се три лица за кривичното дело убиство. Тие го нападнале пред клубот Привилиџ во Градскиот Парк и го претепале, по што тој им подлегна на повредите.

ВИДЕО | Јордановска: Случајот Тот се разреши за 24 часа, но опасно е што граѓаните сакаат да се информираат од Фејсбук

Дали осомничените за убиството на Денис Тот биле тестирани за присуство на дрога?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот