Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Бејл веднаш ќе добие нова улога во репрезентацијата на Велс

Герет Бејл пред неколку дена изненадувачки на 33 години објави крај на кариерата, меѓутоа многу брзо селекторот на Велс Роберт Пејџ најави дека тој ќе добие нова улога во репрезентацијата.

Засега не се открива каква ќе биде новата улога на Бејл и за тоа треба да се зборува во наредните денови, но како и да е Пејџ сака да го има Бејл во репрезентацијата.

„Кога имате така голем играч како Герет Бејл, со толку големо искуство зад себе и се што направи за Велс тој помага дури и кога е само во близина на соблекувалната. Ќе разговараме во наредните денови и ќе видиме каква улога ќе добие. Неговата кариера беше неверојатна, не само од фудбалска гледна точка, туку и го врати Велс на фудбалската мапа во светот“, изјави Пејџ.

Кариерата Бејл ја започна во Саутемптон од каде што по само една сезона (2006/2007) се пресели во Тотенхем каде што играше од 2007 до 2013 година. Таа 2013 година направи голем трансфер во Реал Мадрид, а во 2020 како позајмен играч се врати во Лондон. Кариерата ја завршува во МЛС во тимот на Лос Анџелес каде што настапува од 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!