twitter.com/goal

Бејл пред заминување, но го спаси Реал (ВИДЕО)

Пред само неколку дена, тренерот на „кралскиот” клуб, Зинедин Зидан, објави дека Велшанецот Бејл сигурно ќе го напушти тимот ова лето и ова треба да се случи што е можно поскоро.

Но, агентот на фудбалерот ја отфрли можноста неговиот клиент да игра во друг тим за изнајмување.

Доби шанса да игра против Арсенал и го искористи ова, откако се појави во игра на одмор и го инспирираше пресвртот од 0:2 на 2:2.

Напаѓачите на „топџиите” Александар Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг донесоа цврсто водство во првиот дел, но Бејл и Марко Асенсио израмнија по паузата, а Реал триумфираше подоцна на пенали со 3:2, а во таа серија од белата точка не реализираше Бејл.

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио, може да ја заврши сезоната 2019/2020 пред уште таа да започне. Шпанецот играше само 20 минути во контролната со Арсенал, во која постигна гол, асистираше за уште еден, но го напушти теренот со тешка повреда во 65-тата минута.

Во друг пред-сезонски натпревар, Баерн Минхен го победи Милан со 1:0 со гол на Леон Горецка во 45. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!