Фото: Фејсбук/Инстаграм

Беби Дол се огласи за смртта на својата голема поранешна љубов Масимо Савиќ

Хрватскиот пејач Масимо Савиќ почина на 61 година, а по повод неговата смрт, се огласи неговата девојка од младоста, српската пејачка Драгана Шариќ попозната како Беби Дол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebi Dol (@__bebidol_)


„Ме затекнавте со оваа вест. Масимо беше голем човек и уметник. Ќе го паметам само по добро. Не знаев дека бил болен. Тажна сум. Сочувство до семејството“, изјавила Беби Дол за српски „Курир“.

Беби Дол и Масимо беа една од најпознатите двојки во осумдесеттите.

„Беше упорен и еднаш ме пречека на аеродром со цвеќиња. Тогаш почна сѐ“, се присетила пејачката во една прилика на почетоците на нивната врска, а открила и зошто раскинале. „Не можевме да се договориме каде ќе бидеме. Во Истра, Загреб или во Белград“, рекла Беби Дол.

 

Во 1989 година Масимо ја запознал Ени Кондиќ со која бил во брак до неговата смрт,  а имале еден од најстабилните бракови на сцената. Тие се запознале во куќата на аранжерот Крешимир Клеменчиќ, кој тогаш интензивно работел со Јосипа Лисац.

Ени за Јосипа ги направила песните „Богиња“ и „Јутро“. Масимо еднаш изјавил дека кога ја здогледал Ени, помислил дека таа е „премногу паметна и премногу строга за него и дека му изгледало дека е надвор од неговата лига“.

ВИДЕО | „Искрено ме засака“: Вака Масимо Савиќ зборуваше за својата Ени, жената со која се сакаа три децении

ЈА ИЗМЕШАА СО ХОЛИВУДСКА ДИВА: Оваа позната пејачка откри интересна случка од Прага

Една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија бега од стан во стан бидејќи нема пари да плати кирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот