Групна фотографија на добитниците на наградите БЕАМ

БЕАМ Фестивал ги додели наградите за најуспешните проекти и креативни постигнувања во индустријата за настани

На свечена церемонија, што се одржа 4 март во хотел „Мериот“ во Скопје, Фестивалот БЕАМ ги прогласи најдобрите настани што се одржале во текот на 2024 година.

Како единствено признание од ваков вид во Македонија, БЕАМ Фестивал ги истакнува најуспешните проекти и креативни постигнувања во индустријата за настани. Наградата Гран-при за најдобар настан отиде во рацете на Светското првенство во хип-хоп, организирано од „Пипл Медиа“, настан кој триумфираше уште во две категории – Најдобар културен настан и Најдобар спортски настан за 2024 година.

Награди беа доделени во 10 категории, а признанија добија врвни настани кои ја одбележаа минатата година: Најдобар културен настан – Светско првенство во хип-хоп („Пипл Медиа“); Најдобар корпоративен настан – „Халкбанк: Трајни културни вредности“ (маркетинг-агенција „Ефектива“); Најдобар музички настан – „100 години Скопско“ („Публицис Груп“); Најдобар фестивал – „Литера“, Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца (маркетинг-агенција „Ефектива“); Најдобра конференција – Наука за деца (Фондација „Кантарот“ – Скопје); Најдобра активација на бренд – „100 години Скопско“ („Публицис Груп“); Најдобар спортски настан – Светско првенство во хип-хоп („Пипл Медиа“); Најдобар Експо настан – „Skopje Whiskey Fest“ („Ботегга Ивенти“); Најдобар хуманитарен настан – „Ability Awards“ („Абилитис Нет“); и Најдобар настан на државна институција – Меѓународна регулаторна конференција („Идеа Плус 360° Комуникации“ ДООЕЛ Скопје).

– Оваа година имавме рекорден број квалитетни пријави, што ни докажува дека БЕАМ веќе е значајна и влијателна награда за препознавање и валоризација на најдобрите настани во Македонија. Горди сме што го одбележавме успехот на овие проекти, а жирито навистина имаше тешка задача да ги избере најдобрите. БЕАМ ќе продолжи да расте, да станува сѐ подобар, а веќе од следната година ќе можеме да ги видиме и настаните кои се организираат во регионот – изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ Фестивал.

Церемонија на доделување на наградите БЕАМ

Присутните на церемонијата имаа привилегија да уживаат во извонредните настапи на петкратниот светски шампион во модерен балет, младиот Анди Исмаили, како и во енергичниот перформанс на танчерите од студиото „Брејк а Лег“, заедно со Мила Србиновска, светски шампион во хип-хоп јуниорска категорија.

Фестивалот БЕАМ започна во 2023 година како престижно признание за извонредноста во индустријата за настани во Македонија. Со секое ново издание, БЕАМ поставува нови стандарди, ја истакнува важноста на настаните како дел од современата комуникација, маркетинг-стратегии и културниот развој, и ги поврзува најдобрите професионалци од оваа сфера.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 271, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 8-9.3.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот