
Барселона вечерва може да настапи во состав каков што немала никогаш во 125-годишната историја
Барселона вечерва го пречекува Виљареал во рамки на 37. коло од шпанската Ла Лига, во натпревар кој нема да има значење за каталонскиот гигант кој во минатото коло ја обезбеди шампионската титула.
Препорачано
Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, во пресрет на натпреварот најави нешто што би можело да влезе во клупската историја. Германецот откри дека сериозно размислува за почетен состав кој целосно би се состоел од фудбалери кои потекнуваат од славната академија Ла Масија.
„Разговаравме за можноста сите 11 фудбалери кои ќе започнат на теренот да бидат продукти на Ла Масија. Постојат реални шанси тоа да се случи“, изјави Флик.
Ако Флик навистина се одлучи за ваков состав, тоа би било првпат во 125-годишната историја на Барселона во официјален натпревар да започнат единаесет фудбалери кои и ја поминале славната академија.
Според најавите, потенцијалниот историски состав на Барса кој би можел да истрча на „Камп Ноу“ од 19:00 часот изгледа вака: Ињаки Пења, Ектор Форт, Пау Кубарси, Ерик Гарсија, Давид Одуро, Марк Касадо, Гави, Фермин Лопез, Тони Фернандез, Ансу Фати и Ламин Јамал.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5