Фото: EPA/MOHAMED HOSSAM

Барселона по 80 минути драма го симна Веспрем од светскиот трон

Ракометарите на Барселона ја обезбедија својата шеста титула на ИХФ Светското клупско првенство потврдувајќи го својот статус како најодликуван тим во историјата, по драматичната победа против Веспрем, претходните победници, по 80 минути драма.

Барса го совлада Веспрем со 31:30 (21:21, 13:12) по продолженија, освојувајќи ја титулата светски клупски шампион, а со тоа и самиот Веспрем да биде симнат од тронот.

Финалниот турнир беше организиран во Египет. Третото место го освои актуелниот европски шампион, екипата на Магдебург, која го победи Ал Ахли со 32:23 (19:11).

Во финалниот меч најефикасен играч во екипата на Барселона беше Гомез Абело со шест погодоци, а кај Веспрем, Уго Деска постигна осум гола.

Претходно во натпреварот за третото место Магдебург триумфираше со 32:23 над Ал Ахли.

Во Ол-Стар тимот се: Родриго Коралес (МВП), Емил Нилсен (голман), Алеиш Гомез Абело (десно крило), Иван Мартиновиќ (десен бек), Гисли Кристјансон (среден бек), Тимоти Н`Гесан (лев бек), Уго Деска (лево крило), Магнус Саугструп (пивот). Уго Деска е прогласен и за најдобар стрелец со 28 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот