
Барак Обама споменат на судењето на Диди поради бизарен детаљ од злогласните забави на раперот
На судењето на Шон Диди Комбс, познатиот американски музички могул, беа презентирани шокантни детали за консумирање дрога, сексуална експлоатација и физичко насилство, а меѓу побизарните моменти, се издвои и неочекуваното споменување на поранешниот претседател Барак Обама.
Препорачано
Поранешниот личен асистент на Диди, Дејвид Џејмс, сведочеше на суд во вторникот за навиките на познатите личности кои учествувале во таканаречените „фрик-оф“ забави – приватни собири каде што се консумирала дрога и се одвивале сексуални настапи.
Џејмс рече дека познатите личности земале разни таблети, вклучувајќи „перкосет“ и екстази. Во еден момент, тој спомена дека тие земале и „апчиња во облик на лицето на поранешниот претседател Барак Обама“, иако конкретно изјави дека Обама никогаш не присуствувал на тие забави. Според сведочењето на Џејмс, Диди земал големи количини лекови и дроги секој ден.
„Тој земаше апчиња за отфрлање вода (за слабеење), вијагра, апчиња за зголемување на бројот на сперматозоиди“, рекол Џејмс.
Тој тврди и дека преку ден, Диди земал „перкосет“, а навечер преминувал на екстази.
Џејмс плачеше додека опишуваше како често бил задолжен за организирање сексуални настапи што Диди ги нарекувал „фрик-оф“. Тој призна и дека еднаш зел екстази на една од тие забави, а Диди наводно го снимил тоа и се заканил јавно да го засрами.
Тој, исто така, се потсети на своите почетоци во компанијата на Диди, „Бед бој ентртејнмент“. Еден од раководителите, тврди тој, му рекол: „Ова е царството на г-дин Комбс. Сите сме тука да му служиме.“