Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Бања во Србија е прогласена за најдобра во Европа: Ја изградил само еден човек

Српска бања живее благодарение на само еден човек кој сосема случајно, пред повеќе од 30 години, дошол и изградил скромно сместување за оние кои сакаат да се лекуваат, пишува „Ситимагазин“.

Гостите доаѓаат само по препорака и велат дека се повеќе од задоволни.

Таму нема ништо, нема добри патишта, нема продавници, нема лекари, нема туристички капацитети и нема луѓе. Само триесетина куќи, кои главно се празни.

Но, според едно лековито својство на водата, Слатинска бања во подножјето на планината Јелица, на 17 километри од Чачак, е најдобрата во Европа.

„Во однос на водород сулфидот, кој го има 635 милиграми на литар, ние сме прва бања во Европа. Мислеа дека тоа е Карлови Вари. Но, Карлови Вари воопшто нема водород сулфид како состојка која лекува ревматски заболувања, спондилоза и кожни болести“, истакна Зоран Ѓуровиќ, претставник на Слатинската месна заедница.

Драгомир и неговата сопруга отишле таму пред повеќе од 30 години и решиле да останат. Тие се единствените домаќини во бањата.

„Дојдов овде пред 33-34 години. Имав проблеми со ‘рбетот и со рацете, не можев да ги кревам рацете над мене. Дојдов таму и се капев во тие стари бањи 21 ден, тоа ме врати во живот и потоа, како што може да се каже, полудев по таа вода и почнав да градам објекти. Имаме некаде околу 15 кревети и 11 кади. Доаѓаат од сите страни, има многу луѓе од Босна, од еден дел од Хрватска, од Далмација, Војводина, најмногу од Шумадија“, објаснува Драгомир Пејовиќ, сопственик на сместувачкиот објект „Слатинска бања“.

Низ бањата тече реката Дачинац, а нејзиното корито е во термалната зона. Температурата на водата е околу 17 степени Целзјусови, па затоа е неопходно да се загрева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!