
Балкански обичај: Чашка ракија не го отвора апетитот, туку има сосема друго дејство
Балканскиот обичај кога одите во нечија куќа нагости вклучува ракија, кафе и мезе. Меѓутоа, тој обичај всушност е погрешен, според експертите, ракија не би требало да се пие пред јадење.
Препорачано
Пиењето една или две чаши ракија пред јадење е чест обичај дома или во ресторан, но оваа навика не го отвора апетитот и не го подобрува вкусот на храната. Напротив, може само да го расипе, исто како и варењето, што ќе ви сигнализира со притискање на желудникот, кој на овој начин го шокираме. Но, ако испиете некој горчлив пијалак (ликер) во мали голтки, нема да ги затворите рецепторите за вкус, туку ќе ги подготвите, исто како што ќе го поттикнете желудочниот сок.
Затоа, наместо една лута ракија на „екс“, според бонтонот на масата, можете да испиете билни, горчливи пијалаци со поблаг процент на алкохол. Никако немојте да избирате слатко во чаша бидејќи поради тоа може да добиете киселини (ждригавици), па ваквите пијалаци зачувајте ги за крај, односно за десерт.
Според легендата, ритуалното пиење на горчливи пијалаци пред јадење за да се поттикне варењето датира од древна Грција, кога таткото на медицината, Хипократ, препорачувал ритуално пиење на ароматично горчливо вино пред оброк. Историјата бележи таква култура и кај другите древни цивилизации кои користеле горчливи, лесни алкохолни пијалаци за истата цел: Египќаните, Татарите…
Аперитивот стана популарен дури на крајот на 18 век, особено во Италија. На пијалаците како вермут, мартини и кампари со текот на времето им растеше популарноста, а наскоро беа создадени и популарните негрони и белини.
Дигестивите се пијат на крајот од јадењето за да се поттикне циркулацијата и да се подобри варењето. И додека Французите ќе препорачаат некаков коњак, добар бренди или Chartreuse (растителен ликер), Италијанците се залагаат за ракија од грозје, горчливо амаро, Fernet-Branco (горчлив ликер кој содржи повеќе од 40 билки и зачини, како што се ароматична смола, рабарбара, камилица, кардамон, алое, шафран, кантарион и други).
Германците на крајот од оброкот, наздравуваат со ликери како што се Kräuterlikör и Underberg, додека во Шпанија и Португалија доминираат поинтезивните вина. За кој пијалак и да се одлучите, бидете нежни кон вашето здравје.