Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Бајден планира да нарача дополнителни 100 милиони дози од вакцината на „Џонсон&Џонсон” за САД

САД планираат двојно да ја зголемат порачката на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон&Џонсон” што се дава во една доза, со набавка на дополнителни 100 милиони дози, изјави денеска официјален претставник на Белата куќа.

Американскиот претседател Џо Бајден тоа ќе го соопшти на состанокот со директорите на компаниите „Џонсон&Џонсон” и „Мерк” подоцна во текот на денот, изјави неименуван официјален претставник.

„Мерк” се согласи да соработува со „Џонсон&Џонсон” во производството на вакцини.

Производството на вакцини кај „Џонсон&Џонсон” е побавно отколку што се очекуваше, а таа компанија нема да може да испорача ниту една доза од вакцините оваа недела. Се очекува да продолжи со доставување вакцини подоцна во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот