Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Бајден ги смирува Американците: Финансискиот систем е стабилен, влоговите во банките се безбедни

Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека финансискиот систем на земјата остана недопрен и покрај ненадејниот банкрот на банката „Силиконска долина“.

-Американците можат да бидат сигурни во безбедноста на националниот банкарски систем. Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни, рече Бајден.

Банката „Силиконска долина“ се затвори во петокот, што е најголем колапс на банка од 2008 година, кога банката „Вашингтон Мјучуал“ пропадна во екот на светската финансиска криза.

Средствата на банката беа запленети од страна на американската Федерална осигурителна корпорација, а банката попушти откако нејзините клиенти, главно ИТ работници и фирми за ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари, создавајќи општа навалица.

Претседателот Бајден рече дека ќе бара одговорните да ги сносат последиците и дека ќе изврши поголем притисок за подобро регулирање и надзор на поголемите банки.

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, вчера изјави дека федералната влада нема да и помогне на банката во Силиконската долина во стечај, туку работи на помош на нејзините корисници.

Британската филијала на калифорниската банкротирана банка „Силиконска долина“ (SVB) е продадена на банката „HSBC“ со посредство на британската Влада и Банката на Англија, соопшти денеска британското Министерство за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот