
Бајага за љубовта по разводот: Никогаш не се бранев од жени
Момчило Бајагиќ – Бајага неодамна објави дека се разведува, а после тоа љубовниот живот на познатиот музичар почна да ја интригира јавноста.
Препорачано
Бајага со децении е дел од регионалната музичка сцена. Но, и покрај големата популарност во која ужива уште од моментот кога првпат ѝ се претстави на јавноста, музичарот се труди да го држи подалеку својот приватен живот од очите на јавноста.
„Никогаш не сум се бранел од жените, мислам дека луѓето не треба да го прават тоа. Како жените да се агресори, па мора да се браниш. Не сакам да зборувам за мојот приватен живот“, изјави Бајага, а пренесе „Блиц“.
Меѓу другото, Бајага открил и со што се соочувал кога станува збор за неговите многубројни обожавателки.
„Имаше многу луѓе кои нѐ следеа, премногу се возбудуваат, но јас се обидувам да ги смирам. Ни фрлаа градници, не е само кај Здравко (Чолиќ), традиција е, повеќе е забава. Не ги фаќам, одат некаде, не ги носам дома“, раскажал музичарот.
Популарниот музичар изјавил дека големата слава не влијаела на неговиот карактер.
„Јас се однесувам исто – и приватно, а и службено. Нема никакви тајни. Ист сум и пред камери и во приватниот живот. Не знам како славата не ме промени, почнав да свирам многу рано. Следната година славиме четириесет години од бендот, ќе одржиме и големи концерти по тој повод. Почнав да пеам уште пред тоа, на седумнаесет години во ‘Рибја чорба’. Таму научив сѐ, тоа беше мое основно училиште, научив да се однесувам нормално. Сите пријатели од тој бенд, она што сега остана од оригиналната постава, се сите нормални луѓе, како и мојот покоен кум Миша и Рајко Којиќ. Не треба да се тепате кога работите одат добро и не треба да бидете тажни кога работите не одат добро. Животот е таков, некогаш функционира, некогаш не“, изјави Бајага.