Фото: EXIT Photo Team

Бајага и Инструктори, Бејби Лазања и Џекс Џонс пред 20.000 луѓе донесоа незаборавна „Get EXITed“ ноќ во Струмица

Ноќта на бакарно-црвената месечина, со моќните настапи на Џекс Џонс, Бејби Лазања, Бајага и Инструктори, Александра Јанева и БДМ, ја донесе спектакуларната „Get EXITed“ забава во Струмица во Големиот градски парк, во заеднички ритам кој ги обедини генерациите.

Духот на „Егзит“ и овојпат, во градот на тромеѓето, донесе посетители од Бугарија, Грција, Србија, Македонија и целиот регион, и по четврти пат ја направи Струмица место за собир во добра енергија, зацврстувајќи ја репутацијата на градот како фестивалска туристичка дестинација.

Фото: EXIT Photo Team

Пријатната летна ноќ во Струмица донесе настапи на глобалниот хитмејкер Џекс Џонс и регионалните шампиони Бејби Лазања и Бајага и Инструктори. Овој музички маратонски спектакл со своите авторски поп-хитови го отвори струмичанката Александра Јанева и ги воведе посетителите во ритамот на вечерта. Веднаш потоа, на сцената се рашири гитарскиот звук на легендарниот бенд, Бајага и Инструктори, кои со својот спектакуларен настап потврдија дека се носители на културното наследство на едно време. На брановите на заедништвото силно се надоврза настапот на Бејби Лазања, кој дишеше со еуфоријата на новата генерација која јасно порачува дека е подготвена да го трасира својот пат. Диџејската суперѕвездата Џекс Џонс ја доведе атмосферата до вриење со одлично измиксан сет, а публиката го дочека со овации и покажа дека со задоволство ги прифаќа актуелните глобални музички форми. Вечерта за паметење ја затвори триото од Скопје – БДМ, кое го донесе единственото доживување со електронска музика во комбинација со гитара, тапани и вокали, придонесувајќи за целоноќното музичко искуство.

Фото: EXIT Photo Team

„Егзит“ заедно со челниците на Општина Струмица во изминатите четири години организираше исклучително посетени настапи на големи светски и регионални ѕвезди во Големиот градски парк, приредувајќи ѝ на публиката настани за паметење.

По успешно реализираното годинашно издание на „Get EXITed“, следеше поканата од кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за „ЕГзит“ тимот да ја разгледа македонската престолнина како нова дестинација на големата Егзитова светска турнеја за следната година.

Фото: EXIT Photo Team

„Големо задоволство ни е што добивме покана Скопје да стане дел од Егзитовото фестивалско семејство на градови каде што реализираме фестивали. Младинскиот туризам генерира повеќе од 300 милијарди евра годишно на светско ниво, а фестивалскиот туризам претставува негов најжив дел. Македонската публика од првиот ден е меѓу најверните на ‘Егзит’ и затоа сме подготвени, во партнерство со локалните промотери, организации и музичари, веќе наредната година да покренеме голем фестивал во Скопје и да помогнеме престолнината на Македонија да стане една од водечките фестивалски дестинации во Европа,“ порачаа од тимот на „Егзит“.

Фото: EXIT Photo Team
Фото: EXIT Photo Team
Фото: EXIT Photo Team

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот