
Баерн размислува за Џексон, но приоритет се Олис и Упамекано
Голема прашина се крена околу трансферот на Николас Џексон од Челзи во Баерн последниот ден од преодниот рок, а дополнително масло на оган долеа изјавата на Ули Хенес, кој рече дека клубот нема намера да го откупи Сенегалецот. Тоа изненади многумина, имајќи предвид цената на позајмицата и фактот што напаѓачот штотуку пристигна во Минхен.
Препорачано
Хенес тврдеше дека обврзниот откуп ќе стапи на сила само ако Џексон почне на 40 натпревари, што според него е „невозможно“. Сепак, „Билд“ објави дека клубот веќе постигнал начелен договор со агентите на играчот за петгодишен договор, доколку Баерн реши да ја активира клаузулата за откуп од 65 милиони евра пред крајот на мај.
Во меѓувреме, управата на Баерн работи на уште две важни теми: Дејо Упамекано и Мајкл Олис. Францускиот стопер влегува во последната година од договорот и сака да ги слушне понудите од другите клубови, меѓу нив и Реал Мадрид, пред да донесе одлука. Баерн е подготвен да му понуди плата меѓу 15 и 20 милиони евра бруто.
Околу Олис, пак, нема дилеми – клубот сака да ја тргне откупната клаузула од неговиот договор и да му понуди значително поголема плата за да го задржи задоволен и врзан на долг рок. Минатата сезона тој имаше 20 голови и 23 асистенции на 55 меча, а сезонава веќе е на бројки 7+5 во само 12 настапи.
Превземено од: https://sport.com.mk/