Баерн го понижи европскиот вицешампион среде Лондон

Тотенхем минатата сезона играше во финалето на ЛШ, а сезонава по две кола сè уште нема победа. Европскиот вицешампион е убедливо поразен од Баерн Минхен со 2:7 среде Лондон. Англискиот тим одлично го започна натпреварот и по 12. минути игра имаше водство благодарение на голот на Кореецот Сон.

Но, одговорот на Баерн беше брутален, постигна четири гола преку Кимих, Левандовски и Гнабри (2 гола). Кејн од пенал во 61. минута намали на 2:4, но Гнабри и Левандовски го понижија Тотенхен. Вистински јунак е Серж Гнабри кој постигна четири голови.

Убедлив настап имаше и Јувентус кој релативно лесно со 3:0 го победи Баер Леверкузен. Бернардески, Игуаин и Роналдо беа стрелци на головите за „старата дама“.
Манчестер сити со голот на Стерлинг во 66. минута оствари минимален триумф над Динамо Загреб, а
Атлетико Мадрид како гостин со 0:2 славеше над Локомотив Москва.

Најголеми возбудувања имаше во Белград каде Црвена звезда со пресврт дојде до голема победа од 3:1 над Олимпијакос. Семедо му донесе предност на грчкиот тим во 37 минута, но во второто полувреме, „црвено-белите“ направија целосен пресврт. Прво Вулиќ во 63. минута израмни, а потоа Милуновиќ и Боакје во самиот финиш постигнаа голови за важна победа на српскиот тим.

Резултати:
Аталанта – Шахтјор 1:2
Реал Мадрид – Бриж 2:2
Црвена звезда – Олимпијакос 3:1
Галатасарај – ПСЖ 0:1
Јувентус – Баер Леверузен 3:0
Локомотив Москва – Атлетико Мадрид 0:2
Манчестер сити – Динамо Загреб 1:0
Тотенхем – Баерн Минхен 2:7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот