„Баделки“ ќе ја имаат втората шанса за триумф во регионалната ВАБА лига
Денеска од 18.00 часот македонскиот женски кошаркарски клуб Бадел 1862 ќе има нова можност за прв триумф во регионалното натпреварување.
„Баделки“ предводени од тренерот Перо Стамески за противник во салата „Независна Македонија“ ќе го имаат словенечкиот состав на Цинкарна Цеље.
– Жрепката посака нашиот клуб во првите две кола да игра со најсилните екипи во нашата група кои се и претенденти за место на „Фајнл фор“ завршницата и во оваа сезона. На гости ни доаѓа екипата на Цинкарна Цеље, една од најсилнити екипи во регионалната лига, и апсолутно најдобрата екипа од Словенија.
Земја која има огромен напредок во кошарката, што веќе редовно е на завршниците на Европските првенства. Сето ова ја става Цинкарна Цеље во фаворитска улога во овој натпревар. Но, по добриот натпревар со екипата на Монтана 2003, зголемена е мотивацијата кај девојките.
Ќе дадат сè од себе за остварување подобар резултат, и зошто да не, победа-првенец во лигата – рече Стамески.