бабунски
Доријан Бабунски блеска сезонава во дресот на Ботев Враца/Фото: Даниела Любомирова/facebook.com/BotevVratzaOfficial

Бабунски тренира со Ботев Враца, има три понуди за напаѓачот

Македонскиот напаѓач во редовите на бугарскиот клуб Ботев Враца, Доријан Бабунски кој се поврзува со трансфер во многу екипи, веќе започна да тренира со Враца.

Моментно најдобриот играч во редовите на Ботев Враца кој бара 100.000 евра откупна клаузула за услугите на Македонецот.

До клупските канцеларии според бугарските медиуми пристигнале три реални понуди од Западна Европа за 25-годишниот напаѓач.

Иако се шпекулираше дека Ботев Пловдив покажува интерес за нашиот играч, тренерот на таа екипа изјави дека Бабунски не е меѓу желбите.

Во првиот дел од сезоната Бабунски во најсилниот бугарски шампионат запиша 10 голови од 18 настапи и е трет најдобар стрелец во лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот