Андреј Бабиш/ Фото: МИА

Бабиш: Нема да даваме пари на Украина за оружје

Доколку стане дел од чешката влада, движењето АНО нема да обезбеди пари од државниот буџет за Украина за оружје, изјави лидерот на АНО, Андреј Бабиш, на денешната прес-конференција.

Бабиш рече дека Чешка ѝ помага на Украина преку Европската Унија, додека чешките фабрики за оружје можат слободно да извезуваат оружје без никакви проблеми, објави Чешката новинска агенција (ЧТК).

Зборувајќи за чешката иницијатива за испраќање артилериски гранати во Украина, тој нагласи дека иницијативата е корисна, но дека треба да ја спроведат членките на НАТО, со транспарентност.

Според него, приватните компании заработиле десетици милијарди од оваа иницијатива.

„Нема да дадеме ниту една круна од буџетот на Украина за оружје. Немаме пари за самата Чешка. Верувам дека директно ѝ помогнавме на Украина, а сега помошта ќе биде обезбедена преку ЕУ“, нагласи Бабиш.

Тој претходно изрази сомнежи во врска со оваа иницијатива.

Според чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, НАТО нема механизми директно да се справи со ова.

Минатата година Украина доби 1,5 милиони артилериски гранати од чешката иницијатива, оваа година 1,1 милион, а вкупно околу 3,5 милиони парчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот