Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Автомобил излетал од пат и удрил во пешак

Дваесет и двегодишен возач од Куманово, утрово излетал од булеварот „Октомвриска револуција”, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово.

-Утрово во 6.15 часот на булeварот „Октомвриска револуција” во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи „шкода октавија” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во 37-годишниот пешак Р.К. од Куманово. Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош – наведуваат од СВР Куамново. 

Увид на местото извршила екипа од полицијата во Куманово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот