Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Попладнево во околу 17 часот изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица, информираа од Територијалана противпожарна единица од Струмица.

Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

– Во моментот на пристигнување, пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран – се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Причинета е значителна материјална штета, а причините за пожарот се испитуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот