Австралиската полиција конечно ги пронајде телата на водителот и неговото момче, убиени од полицаец

Берд и неговото момче / Фото Социјални мрежи

Австралиската полиција денеска ги пронашла телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис, кои наводно биле убиени од полицаецот Боу Ламар-Кондон, поранешното момче на водителот.

Полицијата соопшти дека Ламар-Кондон претходно денеска им дал информации кои ги довеле до телaтa, пронајдени во рурална област на околу 200 километри југозападно од Сиднеј.

„Уверени сме дека ги најдовме Лук и Џеси“, изјави началникот на полицијата Карен Веб.

Злосторството наводно било извршено во местото Падингтон, каде бил пронајден куршум што одговарал на службениот пиштол на полицаецот, заедно со значително количество крв и знаци на борба. Телата биле откриени на фарма во градот Бангонија, а полицијата пронашла облека со крв, телефон и кредитни картички во контејнер во Кронула, 28 километри од местото на злосторството.

Ламар-Кондон минатата недела беше обвинет за двојното убиство.

Австралиски полицаец обвинет за убиство на телевизиски водител и неговото момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот