Австралија се наоѓа на чекор од нов пласман на СП/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Австралија си закажа дуел со Перу за пласман на фудбалскиот Мундијал

Селекцијата на Австралија си закажа финален бараж натпревар за пласман на СП во Катар против Перу откако во драматичен натпревар во плеј-офот во азиската конфедерација со 2:1 беше подобра од Обединетите Арапски Емирати.

Натпреварот се играше на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Рајан на кој ќе се играат и натпревари на Мундијалот во Катар.

Австралија поведе во 53 минута преку Ирвајн, но само четири минути подоцна ОАЕ израмни благодарение на голот на Кадено.

Голот кој ја однесе Австралија на мегдан со Перу го постигна Ајдин Хрустиќ во 84 минута.

Натпреварот помеѓу Австралија и Перу треба да се игра на 13 јуни, исто така во Ал Рајан, а еден ден подоцна е закажан уште еден интерконтинентален бараж натпревар помеѓу Костарика и Нов Зеланд по што ќе бидат познати сите 32 репрезентации што ќе учествуваат на СП во Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот