фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Австралија Опен подготвува спектакл, ќе се збогуваат со Ѓоковиќ како што доликува

Новак Ѓоковиќ, рекордерот со десет титули на Австралија Опен, заслужено го носи епитетот на најуспешниот тенисер во историјата на овој престижен турнир. Организаторите веќе размислуваат за тоа како достојно да го испратат во пензија, кога и да дојде тој момент.

Директорот на Австралија Опен, Крег Тајли, откри дека се планира вистински спектакл во чест на српскиот ас, но не сакаше да открие детали.

„Сè што можам да кажам е дека ќе биде нешто големо. И се надевам дека тоа нема да се случи скоро, бидејќи Новак сè уште игра фантастичен тенис и би сакал да го гледаме уште долго на терените. Имаме неколку идеи, но сега е прерано да зборуваме за нив“, изјави Тајли.

Иако има 38 години, Ѓоковиќ и понатаму игра врвен тенис и доказ за тоа е пласманот во полуфиналето на САД Опен каде што го чека меч со Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот