
Австралија опен: Ѓоковиќ рутински против Лехечка, следува спектакл со Алкараз
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен победувајќи го чешкиот Јиржи Лехечка со 3:0 (6:3, 6:4, 7:6).
Препорачано
Ѓоковиќ имаше контрола во текот на целиот меч и големата разлика во неизнудените грешки го диктираше темпото на дуелот и му го отвори патот на Србинот да ја продолжи борбата за 11-та титула на Австралија опен.
Единствените проблеми на Ѓоковиќ се забележани во последниот сет кога Лехечка одлично сервираше и успеа да го одведе мечот во тај-брејк. Сепак, српскиот тенисер не се предаде, па по два часа и 40 минути славеше.
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се соочи со Шпанецот Карлос Алкараз, кој го совлада Џек Дрејпер откако британскиот тенисер се предаде.
Позната е уште една четвртфинална двојка во машка конкуренција, Американецот Томи Пол ќе игра против Александер Зверев од Германија.
Кај жените исто така се познати две четвртфинални двојки, Арина Сабаленка ќе се соочи против Анастасија Пављученкова, додека Коко Гоф од САД за противничка ја има Паула Бадоса од Шпанија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
38мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5