Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

АУДИО: Tежок лапсус на Трамп, изјави дека ги смирил „Абербејџан“ и Албанија

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш покажа географско и политичко незнаење, мешајќи ги Ерменија и Албанија и погрешно изговарајќи го името на Азербејџан, јавија американските медиуми.

Претседателот се пофали дека успешно посредувал во мирот меѓу „Абербејџан“ и Албанија, сакајќи да каже Азербејџан и Ерменија (на англиски: Armenia). Грубиот лапсус на Трамп се случи за време на радиоинтервјуто со конзервативниот коментатор Марк Левин.

Претседателот во живо ги пофали своите мировни напори, повторувајќи го тврдењето дека „запрел седум војни“ за време на својот втор мандат.

„Знаете, тоа се многу неверојатни, неверојатни работи“, рече Трамп пред да се обиде да ја спомене неодамна договорената мировна декларација меѓу Азербејџан и Ерменија, која ги доближи земјите до мир – но не го заврши целосно нивниот 37-годишен конфликт околу областа Нагорно Карабах.

„Видовте, Абер… бејџан. Тоа беше голем конфликт што траеше 34, 35 години со… Албанија. Размислете за тоа“, рече Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот