АУДИО | Родител на средношколка од Скопје обвинува за скандалозни активности на камп: Сексуална едукација под секое ниво, децата побарале психијатриска помош!

Илустрација: Извидници / Фото: Архива на „Слободен печат“
Татко на средношколка од Скопје, за „Слободен печат“ сведочи дека неговата малолетна ќерка викендов доживеала шок од активности кои се случувале на извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

Според девојчето, кое се обратило до училишниот психолог со писмена изјава, а која родителот ја образложи во аудио разговорот со нашата редакција, активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашање колку сексуални партнери имале децата, глумење секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир.

Редакцијата на „Слободен печат“ заради заштита на идентитетот на малолетното дете, нема да објави информации за идентитетот на родителот иако ни се познати. Целото аудио сведочење слушнете го во продолжение.

Зоран Шиљковски од Прв скопски извиднички одред, не сакаше да го коментира конкретниот случај, затоа што, како што ни рече „не е сигурен дека зборовите кои му ги посочуваме како поплака од малолетничката и родителот се вистинити и навистина дадени“.

– Немам коментар зашто треба да се сретнеме со родителот за да ни предочи за што се работи. Не би можел да ви коментирам вас, бидејќи сте трета страна. Кога ќе стапиме во контакт со родителот ќе знаеме за што се работи и што точно посочува, ни рече Шиљковски.

Тој додаде дека како Прв скопски извиднички одред и претходно организирале вакви акции, од 2009 година наваму.

– Натпреварот е од едукативен карактер на тема сексуална едукација, извидничка едукација од почетокот е така. Има контролни точки на кои се изведуваат разни активности, некои со музика некои со сексуална едукација, некои со извидништво, додаде тој и рече дека досега немале поплака за активностите. Тој камп се одржува од петок до недела, a  девојчето ако имало некој проблем, можело да ни каже и на нас и на претставниците на нејзиниот одред. Треба да се видиме со родителите да видиме што се случува, на што се жали, знам како одат работите, ќе се видиме со него. А вам не можам да ви кажам затоа што тоа што го кажувате вие, немам сигурност дека биле зборовите на родителот или не, ни рече Сиљковски.

ОБНОВЕНО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот